
Сте се запрашале ли зошто се препорачува децата да се вклучат во друштвени игри уште од најрана возраст? Знаете ли како може друштвените игри и интеракцијата да им помогне на децата при нивниот развој?
Во оваа дигитална ера кога смартфоните и компјутерите доминираат во нашето секојдневие, не е тајна дека децата поминуваат премногу време пред екраните. За среќа, друштвените игри можат да бидат причината поради која вашите деца ќе се одлучат за развој преку забава која ќе им помогне на когнитивниот, социјалниот и емоционалниот развој.
Но како?
Како им помагаат друштвените игри на децата?
Еве неколку начини на коишто друштвените игри го стимулираат развојот на децата и им помагаат да се изградат како личности:
Развој на когнитивни вештини
Друштвените игри се многу важни за развојот на когнитивните вештини кај децата. Имено, при играњето, децата се соочуваат со различни проблеми и предизвици за кои треба да најдат добро решение. Ваквото логичко размислување ги поттикнува креативните вештини на детето и го учи да применува логика и стратегија преку анализирање опции, претставување сценарија и предвидување резултати.
Снаоѓање во тим
Ако саката вашето дете полесно да се снаоѓа во социјални ситуации и да се научи ефикасно да комуницира, вклучете го во друштвена игра која се основа на интеракција. Вака, децата ќе вежбат комуникација, слушање, разбирање, емпатија и толеранција, а воедно и ќе научат да соработуват како тим и заеднички да постигнат успех. Ова ги подготвува за успешна интеракција со другите во реалниот свет.
Развој на креативност
Компексните друштвени игри ги поттикнуваат децата да бидат креативни и да ги изразат своите мисли и идеи на иновативен начин. Многу игри дозволуваат децата да ги опишат и објаснат своите чекори, да дадат образложувања и да креираат различни стратегии. На овој начин, тие го развиваат своето креативно размислување и способноста да забележат нешто што другите не го гледат.
Острење на фокусот
За крај, играњето друштвени игри го предизвикуваат детето да се фокусира и да биде концентрирано во текот на играта. Големата изложеност на технологија го крати долготрајното внимание на детето, додека пак друштвените игри го развиваат. За да ги разберат правилата и да ги анализираат ситуациите за да донесат најдобра одлука, децата мора да останат фокусирани, што им помага и во други аспекти на животот.
Препораки за детски друштвени игри
Ако не сте сигурни од каде да започнете, еве неколку препораки за детски друштвени игри кои ќе ги забавуваат вашите деца и ќе им помогнат во развивањето на фундаментални вештини:
- Anti-Virus (стимулира концентрација, логика, флексибилност)
- Apple Twist (стимулира визуелна перцепција, планирање, решавање проблеми)
- Dragominо (стимулира стратешко размислување, тимска работа, планирање)
- Froggit (стимулира меморија, просторен увид, концентрација)
- Qwixx (стимулира концентрација, планирање, стратешко размислување)
- The Mind (стимулира тимска работа, експериментирање, комуникација)
- Скокни потскокни (стимулира флексибилност, рамнотежа, раздвижување)