Lazy Bag Garden – релаксација под отворено небо
Lazy Bag Garden е совршен избор за уживање во дворот, на тераса, покрај базен, на плажа или при кампување. Благодарение на удобниот ергономски дизајн, нуди пријатна поддршка за грбот, вратот и главата, овозможувајќи целосна релаксација во секој момент.
Изработена е од висококвалитетен водоотпорен штоф, кој е лесен за одржување и погоден за надворешна употреба. Мекото полнење од полиуретанска пена и ЕПС гранули овозможува удобност, стабилност и лесно прилагодување на телото.
Достапна е во три различни димензии и повеќе бои, што ја прави практичен избор за деца, возрасни и целото семејство.
Предности:
- Водоотпорен штоф
- Удобна и практична
- Ергономска поддршка за грбот, вратот и главата
- Лесна за преместување
- Лесно се одржува
- Погодна за надворешна употреба
- Достапна во три димензии
- Достапна во повеќе бои
Технички спецификации:
- Голема: 110 x 150 cm
- Средна: 90 x 130 cm
- Мала: 70 x 115 cm
- Одржување: 30°C
- Полнење: полиуретанска пена и ЕПС гранули
- Материјал: водоотпорен штоф
- Ергономски дизајн
Напомена:
Изработка во боја по нарачка трае 10–15 работни дена. За поголеми нарачки, минимално се нарачуваат 3 парчиња од иста боја.
Никола М. –
Нарачавме две лејзи бегс, децата ги обожаваат. Предобар квалитет, ви благодарам.
Даворин Тодоровски –
Лани добивме на подарок една garden-midi фотелја, за на балкон. Кога веќе почнавме летоска повеќе време да седиме надвор секоја вечер имаше кавги кој да се оптегне на „lazy“ 😆 Затоа годинава со време си нарачав четири, две за на балкон и две за во викендица, неверојатно практични се!
Елиф Елмази –
Начекавме добар попуст и земавме 5 фотелји во различни бои за во канцеларија, да го размрдаме амбиентот и да додадеме лежерна нота во просторот. Ама верувајте тешко се доаѓа до слободно lazy, сите кафе паузи и најинтересни ситуации се на lazy 😅