⚠️⚠️⚠️ BLACK NOVEMBER ПОПУСТИ ДО 70% ⚠️⚠️⚠️

Што се Lazy Bags?

Lazy bags (beanbags, Sacco chair) е интересно парче мебел изработено од мека и удобна ткаенина и најчесто полнето со полиуретанска пена и ЕПС гранули. Lazy bags се разликуваат од другите видови столици и фотелји по тоа што тие немат дефинирана форма. Имено, формата на lazy bag ја прави самиот корисник, зависно од начинот на кој седи врз неа. 

Ова парче мебел е пример за анатомска столица која се прилагодува на позицијата и тежината на телото. Lazy bags доаѓаат во различни форми, големини, бои и дизајни, при што воопшто не е тешко секој да најде нешто што му одговара. Зависно од материјалот, постојат столици погодни само за внатрешен простор, но и такви изработени од водоотпорен материјал соодветен за лежење до базен или на плажа.

Историјата на Lazy Bags

Иако ваквиот мебел неодамна се прослави кај нас, lazy bags (и нивни варијации) постојат повеќе од 5 децении. Всушност, првата варијација на овие столици се појавила во антички Египет во 2000. година пред нашата ера. Египќаните полнеле мали торби со сушен грав или ситни каменчиња и ги користеле за рекреативни активности како жонглирање и различни видови игри. 

Но, идејата за денешниот lazy bag доаѓа од три италијански дизајнери: Пјеро Гати, Чезаре Паолини и Франко Теодоро за време на модернистичкото движење во Италија во 1968 година, кога дизајнот бил инспириран од новата технологија и наречен “Sacco”. 

Sacco е дел од многу трајни колекции во некои од најпознатите музеи во светот, вклучувајќи ги:

  • Музејот на модерна уметност во Њујорк
  • Центарот Жорж Помппиду во Париз
  • Музејот Викторија и Алберт во Лондон
  • Музејот на уметноста во Тел Авив
  • Израелскиот музеј во Ерусалим 
  • Музејот на применета уметност во Виена

Освен тоа, ова уникатно парче мебел има добиено и неколку престижни награди, меѓу кои и:

  • Mostra Internazionale dell’Arredamento во Монца во 1968 година
  • BIO 5 во Љубљана во 1973 година
  • Compasso d’Oro во 2020 година

Зошто ви требат Lazy Bags?

Освен тоа што lazy bags се извонреден извор на комфор и релаксација, лесно можете да ги воочите и другите предности на ова парче мебел. Имено, столиците се приспособливи за секаков вид седење или лежење и овозможуваат уживање за секоја возраст. 

Lazy Bags помагаат во деновите кога на вашиот грб му треба одмор, а на вашиот мозок му недостасува добра книга или серија. Тие лесно се одржуваат и уште полесно се преместуваат, благодарение на мекото полнење. 

Но за огромниот број бенефити, ќе разговараме овде.

Main Menu