⚠️⚠️⚠️ ПОВТОРНО НА ЗАЛИХА: Чаршав со ластик⚠️⚠️⚠️

Кои се најдобрите друштвени игри за поголеми групи?

Ве радува ли помислата да се најдете во големо друштво играјќи интересни друштвени игри? Сакате ли да ги подобрите вашите когнитивни способности додека се забавувате со семејството или најблиските пријатели?

Тогаш, дозволете да ве воведеме во овој прекрасен свет на забава и тимска работа, каде што ќе откриете неверојатни игри кои ќе ја тестираат вашата стратегија и креативност. Ако досега не сте знаеле како да го вклучете вашето големо друштво во заедничка активност, време е да откриете.

Најдобри игри за големи друштва

Од класични игри со карти до иновативни активности со уникатни правила, спознајте ги најзабавните и најдобрите друштвени игри кои ќе ве натераат да се смеете, да мислите и да го поддржете динамичниот дух на групата.

7 Wonders 

Играта ,,7 Wonders” е една од нашите омилени друштвени игри, особено затоа што втората едиција дозволува до 7 играчи. Оваа игра ве води во античките цивилизации, каде што вие, како владател, ќе градите и развивате своја цивилизација во текот на седум епохи.

Играта трае околу 30 минути, а целта е да ја изградите најуспешната и највлијателната цивилизација. Секој играч пред себе има играчка табла која ја претставува неговата цивилизација, а тој преку градење и научен развој треба да ја воздигне. ,,7 Wonders” користи карти и стратегиско размислување, а секој играч има различни стратегии и избори.

Celestia 

Со ,,Celestia”, тргнете на воздушно патување низ небесните висини и барајте неверојатни награди и богатства. Во оваа игра, вие и вашите пријатели (најмногу до 6 играчи) сте дел од екипа на летало. Вашата мисија е да ги истражите различните острови на небесата, кои со себе носат убавини, но и предизвици и опасности.

Вашето летало не е секогаш безбедно, па вие треба да одличите дали ќе останете во него или ќе се симнете на еден од безбедните острови. Претпазливоста, одлучноста и брзото размислување ќе бидат одлучувачки фактори за вашата победа, а секоја одлука е еднакво влијателна.

Codenames: Pictures

Како втора верзија на популарната ,,Codenames”, ,,Codenames: Pictures” вклучува интересна комбинација на слики и симболи кои ги заменуваат зборовите. Оваа игра е тимска, а во неа играчите се шпиони кои мора да ги најдат своите агенти со помош на скриена мапа која ја знаат само двајца ривалски играчи.

Вашата мисија е да комуницирате со членовите во вашиот тим и да го откриете идентитетот на непријателските агенти без да паднете во замка. Овде, треба да најдете врска меѓу сликите и зборовите со помош на тимска работа, стратегија и колаборација, наоѓајќи иновативен пристап кон класичната. Игра.

Dixit

Ако барате едно уникатно визуелно искуство, играта ,,Dixit” ве води во свет на магични приказни и креативни изрази, каде вашата мисија е да најдете неодоливо илустрирана карта која најблиску до некаква претходно кажана асоцијација. Имено, играта се базира на моќта на зборовите и фантазијата.

Секој играч (најмногу 8) добива илустрирани карти кои претставуваат необични сцени. Еден раскажувач кажува некаков збор или фраза за којашто другите играчи треба да најдат карта која асоцира на кажаното. Играчот чија карта добива најмногу гласови е победникот.

Main Menu