Нема производи во кошничката
Ве зачудува ли помислата дека lazy bags можат да си најдат место и надвор од вашиот дом? Во вашата канцеларија?
Колку и да звучи изненадувачко, ова извонредно и уникатно парче мебел може само да им помогне на вработените да се чувствуваат поудобно, покреативно и помотивирано. Сепак, секој додаток во канцеларијата може позитивно или негативно да влијае врз еланот на сите вработени.
Освен тоа, користењето lazy bags во канцеларијата ќе придонесе до зголемена флексибилност и подобро работно место.
Еве зошто веднаш да го украсите работното место со lazy bag:
1. Пополнете го празниот простор
Еден од најголемите трошоци за еден бизнис е изнајмувањето просторија. Следствено, ако голем дел од изнајмениот простор останува неискористен, испуштате шанси за флексибилност и удобност.
Lazy bags се лесни за поместување и може да ги собере во помали простори. А кога очекувате гости, едноставно ставете ги вашите lazy bags во друга просторија и искористете го просторот за традиционално седење. Ова повеќефункционално парче мебел може да биде наредено во линија или во круг, во зависност од достапниот простор.
2. Заштедете пари
Најголемиот проблем со којшто се справуваат малите бизниси е менаџирањето на буџетот. Покрај средствата потребни за работна сила и опрема, мебелот може да ви создаде финансиски главоболки. Ако ја споредите цената на нашите lazy bags со онаа на традиционалните столици, ќе забележете дека со многу помал буџет може да имате многу подобро решение за вашите канцеларии!
Освен тоа, со правилно чување, lazy bags можат да траат исто толку долго колку и секое друго парче мебел. Бидејќи се изработени од едноставни материјали, се што треба за да ги исчистите е да ги поминете со влажна крпа и малку средство.
3. Искористете ја повеќефункционалноста
Lazy bags перниците немаат само една улога. Можат да бидат распоредени на различни начини и така вработените имаат слобода да ги користат како сакат. Ако претпочитаат да работат седејќи на lazy bag наместо на традиционална столица до биро – може да го направат тоа.
А ако некој се пожали на болки во мускулите, може да користи lazy bag и да најде позиција која му одговара на телото. Од друга страна, традиционалниот мебел може да предизвика вработените да се чувствуваат како да се заковани за подот, што воопшто не помага на продуктивноста.
4. Зголемете ја удобноста
Кога вработените се чувствуваат поудобно, тие имаат повеќе желба за работа, напредок и креативност. Додека пак во неудобна средина, вработените лесно губат внимание и не работат толку ефективно.
Со тоа што ќе вметнете lazy bags во канцеларијата поттикнувате продуктивност и спонтаност, а тогаш се раѓаат најдобрите идеи. Несекојдневните начини на седење и работење дозволуваат спобода на изразување кое може од корен да го промени бизнисот.
1 Comment