Lazy Bag Pepa – удобност со подарок табуретка
Lazy Bag Pepa е модерно и практично парче мебел кое носи удобност, стил и функционалност во секој простор. Погодна е за дневна соба, детска соба, канцеларија, тераса, двор или било кое место каде што сакате да се опуштите.
Со секоја Lazy Bag Pepa добивате и ГРАТИС табуретка во истата боја, за уште поголема удобност и комплетен изглед.
Моделот е инспириран од класична фотелја, но нуди многу помеко и поопуштено чувство при седење. Се прилагодува на телото, обезбедува удобна поддршка и е одличен избор за гледање телевизија, читање, дружење или релаксација по напорен ден.
Надворешната навлака со патент овозможува полесно одржување, а вградениот џеб е практичен додаток за далечински управувач, телефон или други ситници што сакате секогаш да ви бидат при рака.
Предности:
- ГРАТИС табуретка во иста боја
- Надворешна навлака со патент
- Вграден практичен џеб
- Исклучително удобна и мека
- Лесна за преместување
- Лесно се одржува
- Погодна за деца и возрасни
- Достапна во повеќе бои
Технички спецификации:
- Димензии: 90 x 60 x 70 cm
- Одржување: 30°C
- Полнење: полиуретанска пена и ЕПС гранули
- Софистициран ергономски дизајн
- Надворешна навлака со патент
- Избор на бои
Напомена:
Изработка во боја по нарачка трае 10–15 работни дена. За поголеми нарачки, минимално се нарачуваат 3 парчиња од иста боја.
Габриела С. –
Здраво здраво, пристигна Пепа! Фала многу. Задоволна сум. Одлично се направени. Она што најмногу ми се допаѓа е што се вадат надворешните навлаки за лесно одржување. Удобни се за седење и со табуретчето се одличен пар!