Нема производи во кошничката
Кога ќе разберете со каква „техника“ функционираат чаршавите со ластик ќе сфатите зошто светот полудува по ова парче ткаенина кое е неизоставен дел од секоја модерна спална.
Основната нивна примена е да имате чаршав кој нема да се „изместува“ на секое легнување и станување од креветот, ниту пак да се тутка под вас додека лежите и спиете. Едноставно, подигнете го душекот, префрлете го работ со ластик под него, измазнете и оптегнете го чаршавот и voila – спремно е за легнување!
Без оглед на тоа дали се работи за душек на спална на која секојдневно спиете или пак душек на гостинскиот софа-бед на кој повремено спијат вашите гости, овој чаршав со ластик е производот кој ви треба. Го местите еднаш – го користите без проблеми сè до следното менување на постелнината.
Чаршавите се изработени од 100% памук што ги прави ултра-лесни за одржување со перење на високи температури, а начинот на производство гарантира дека ниту ткаенината ниту ластикот нема да се оштетат во процесот на одржување. Значи чаршавот со ластик е 2 во 1 производ – ќе имате секогаш среден лежај, дури кога тукушто сте станале од спиење и ќе имате чаршав кој не се кубе, не се гужва и трае долго, долго…
Познато е дека памукот освен што е user-friendly материјал кој лесно се одржува, чаршавот со ластик изработен од 100% памук е благопријатен за телото, овозможува мек и свиленкаст допир и овозможува добра вентилација во секое годишно време. Наместете и уживајте во сите активности во постела!
Можеме да сумираме дека фактите се целосно на страна на чаршавите од Депо! Единствено што треба да се замислите е која боја да си ја изберете, и да проверите кои се димензиите на вашите душеци за да може да си изберете боја во соодветната големина. Брзиот начин на живот налага секогаш да избереме вакви практични и квалитетни производи кои ќе ни заштедат време а ќе ни донесат бонус удобност во домот. Затоа, задлабочете се асортиманот и изберете ја својата големина!