⚠️⚠️⚠️ ПОВТОРНО НА ЗАЛИХА: Чаршав со ластик⚠️⚠️⚠️

5 причини зошто персонализирана сложувалка е идеалниот подарок за празниците

Пристигна и оваа сезона на дарување. 

Секоја година пред новогодишниот период, се втеруваме во потрага по совршените подароци за нашите најблиски. Но, во денешно време имаме премногу опции и може да биде тешко да најдеме нешто креативно и невообичаено што ќе и се допадне на саканата личност. 

Ние би сакале да ви помогнеме со изборот оваа година и да ви препорачаме сложувалка. 

Сложувалките не се само за деца – тие можат да бидат прекрасен подарок за возрасни и да донесат повеќе значење од обичниот дар. 

Сакате да дознаете зошто веднаш треба да купите персонализирана сложувалка? 

Тука сме да ви кажеме!

 

5 причини зошто да подарите сложувалка оваа година

 

Сложувалките на Депо се целосно персонализирани и создадени од ваши слики кои можат да бидат направени во А3 и А4 формат. Ваквиот подарок е оригинален начин да ги сочувате вашите омилени спомени. 

 

Но, освен оригиналноста, еве 5 други причини зошто не треба да ги игнорирате сложувалките:

 

Сложувалките го намалуваат стресот

 

Надалеку е познато дека сложувалките се одличен начин да го намалите секојдневниот стрес. Додека се фокусирате на редењето, вашето внимание е насочено кон задачата и сликата која се отвора пред вас, а тоа неретко носи чувство на спокој. Редењето сложувалка ви овозможува да се релаксирате и целосно да уживате во процесот. 

 

Ги обновуваат омилените спомени

 

Персонализираните сложувалки направени од ваша фотографија ќе ги освежат омилените спомени. Кога вашата сакана личност ќе ја виде својата слика на сложувалката, процесот на редење ќе стане уште поубав, а секое парче ќе придонесе кон тој посебен момент. Освен тоа, сложувалката ви дава и нови начини да ги прославите најубавите моменти. 

 

Сложувалките се добар предизвик 

 

Сложувалката не е статичен подарок. Напротив, тие бараат креативност, труд и активно размислување. Сложувалките претставуваат предизвик кој го стимулира умот и ве тера да размислувате логично. За разлика од брзите и активни забавни игри, редењето сложувалки бара посветеност и концентрација, а ова ги поттикнува креативните и аналитичките вештини. 

 

Продуктивно го минувате времето 

 

Редењето сложувалки од 120 и 300 парчиња е совршени начин за продуктивно минување на времето. Начинот на живот денес често нѐ тера брзо да ги завршиме активностите наместо да си дозволиме време да уживаме во она што го правиме. За среќа, сложувалките ни го овозможуваат токму тоа. Тие неколку часа редење не само што ќе бидат забавни, туку и продуктивни. 

 

Сложувалките развиваат когнитивни способности

 

За крај, редењето сложувалки ги развива вашите когнитивни вештини, го поттикнува логичното размислување и ги подобрува способноститте за решавање проблеми. Визуелното спојување на различни парчиња ги координира и усогласува двете страни на мозокот и ги стимулира когнитивните функции. Со честото редење сложувалки, не изненадувајте се ако почнете побрзо да решавате проблеми од секоја сфера. 

Main Menu