Летото е во полн ек, а сезоната за пливање и сончање кулминира. Без оглед дали планирате да се релаксирате покрај базен или на плажа, ние имаме одлична понуда за да го направиме вашето уживање уште поголемо.
Змислете си идеално сценарио, се наоѓате на платформата на преубавата плажа, туку што ви пристинга уште едно Мохито, а вие сте удобно наместени на една од нашите лејзи вреќи (lazy bags). Совршено, зар не!?
Модерни и удобни, со карактеристични бои и ергономски дизајни, во гарден (водоотпорен) или во штоф варијанта нашите лејзи бегс се достапни за секого. Па, предлагам да ви ги претставиме нашите најпродавани модели:
Lazy bag „Amor“ – Ќе се вљубите во него на прв поглед, небаре богот Амор ве погодил со љубовна стрела. Овој модел е во правилна форма, има заоблени, но истакнати рабови и потпирач на задниот дел, што потсеќа на фотеља. Вистински убавец со модерен, а истовремено практичен дизајн.
Lazy bag „Pepa“ – Таа е главна секаде каде што е поставена, на тревникот во дворот, покрај базенот или во дневната пред телевизорот. Во форма на чевел со издолжен наслон за потпирање, овој иновативен и алтернативен модел на фотеља, идеално ќе се вклопи во секаков амбиент.
Lazy bag „Smarto“ – Неговото име сигурно го издава, но овој модел навистина претставува паметна солуција за седење. Огромен и удобен, Smarto ќе ви стане вистински љубимец, омилено место за вашите рутински кафе паузи, при играње на игра или идеална позиција за гледање на омилената серија.
Lazy bag „Garden/Home“ – Класика помеѓу нашата понуда, секогаш вистински избор доколку сте неодлучни. Овој модел ни доаѓа во две варијанти, штоф варијанта за внатре и „гарден“ варијанта, изработени со водоотпорен штоф, за безгрижно уживање на тераса, на тревник, покрај базен или на плажа.
Табуретка „Quadro“ – Малата и коцкаста табуретка во „гарден“ штоф варијанта, идеално се комбинира како дополнување на сите претходно споменати модели. Значително помала во споредба со другите лејзи модели, „Quadro“ е лесна за транспорт и ќе ви биде секогаш добро дојдена во било која пригода.
Се надеваме дека со оваа кратка презентација ќе ви помогнеме во дилемата при вашиот избор. Секогаш имајте на ум дека инвестицијата во модерно и удобно парче мебел е инвестиција во вашето здравје и благосостојба.